Синдикатот на култура предупредува на губење на стекнатите работнички права за илјадници вработени, ако се укине колективниот договор
Синдикатот на култура предупредува на губење на стекнатите работнички права за илјадници вработени ако се укине колективниот договор. Третпат бара да ги искаже своите аргументи пред уставните судии. Оттаму апелираат на почитување на неговата независнот и одлучување без притисоци...

Синдикалците од културата поднесоа трето барање до Уставниот суд за присуство на седницата на која ќе се одлучува за уставноста и законитоста на Колективниот договор и за членот 78 од Законот. Од Синдикатот изразија загриженост дека евентуалното укинување или поништување на договорот би значело враќање на состојбите во културата пред 2020 година и губење на веќе утврдените работнички права за илјадници вработени. Сметаат дека ниту една одлука не може да биде донесена без да им биде овозможено тие да ги изложат своите аргументи, како еден од потписниците на Колективниот договор.
