Пругата Куманово- Бељаковце инпут за економскиот развој на регионот

07.10.2014 16:27

Со непречен застој се одвиваат градежните работи на терен на делницата Куманово-Бељаковце, а на железничкиот премин кај селото Лопате се гради мост кој ќе ги позврзе Коридорите 8 и 10...

Со брзина од 120 километри на час ќе се патува на новата пруга која се гради на Коридорот 8 кон Бугарија. Со максимално движење на 32 пара возови, патнички и транспотни, ќе се олесни сообрќајот, а тоа би бил голем инпут за сите индустриски капацитети и економскиот развој.

Со непречен застој се одвиваат градежните работи на терен на делницата Куманово-Бељаковце, а на железничкиот премин кај селото Лопате се гради мост кој ќе ги позврзе Коридорите 8 и 10.

„Од тоа што е градено во 90-тите имаме само два моста кои ќе бидат репарирани. Сега на терен имаме работа, да срушиме два и да изградиме еден нов мост кој што не бил предвиден според проектот“, изјави Ирфан Асани, директор на ЈП Македонски Железници.

Капиталниот регионален проект за изгардба на железничкиот коридор Куманово- Ќустендил- Софија е финансиран од Европска банка за обнова и развој, а првите возови кон Бугарија се очекува да сообраќаат во 2022 година.

„Работите на железницата одат во вистинска насока, се оди според планираното. Ќе реагираме и ќе го менаџираме сето она што може да преставува проблем“, изјави Џон Паркер, проект менаџер  од фирмата Ептиса, која врши назор на градежните работи на пругата.

На делницата Куманово – Бељаковце,  досега е извршена целосна демонтажа на старата пруга до станицата во Шупљи Камен и ќе се почне со поставување на сигнализацијата и телекомуникациите.

 

Габриела Димковиќ