Новиот Кривичен законик на јавна расправа, експертите со забелешки
Почнаа јавните расправи за новиот Кривичен законик. По многу години подготвка, Македонија ќе добие целосно ново решение. За злоупотреби во службата се предвидени и до 15 години зад решетки. Експертите оценуваат – основата на предлогот е добра, но има простор за доработка и корекции.

Злоупотребите со тендерите, концесиите, јавно-приватните партнерства - сево ова е регулирано со новиот Кривичен законик за кој почнаа јавните расправи за забелешки и сугестии. Од работната група велат дека текстот опфаќа нови облици на казниви дела за кои е потребен соoдветен правен одговор.
Граѓанските организации забележуваат недоречености кај злоупотребата на служената положба, како и изоставување на службените лица во државната управа од делото несовесно вршење на службата. Според нив, има и спорни решенија за јавните набавки и невоедначена казнена политика.
Законот го разгледува и Европската комисија, која треба да даде мислење за предложениот текст.
Анита Димитријевска - Велковска
