Нов Кривичен законик

25.11.2026 14:10

Почнаа јавните расправи за новиот Кривичен законик. По многу години подготвка, Македонија ќе добие целосно ново решение.

Злоупотребите со тендерите, концесиите, јавно-приватните партнерства - сево ова е регулирано со новиот Кривичен законик за кој почнаа јавните расправи за забелешки и сугестии. Од работната група велат дека текстот опфаќа нови облици на казниви дела за кои е потребен соoдветен правен одговор.

Граѓанските организации забележуваат недоречености кај злоупотребата на служената положба, како и изоставување на службените лица во државната управа од делото несовесно вршење на службата. Според нив, има и спорни решенија за јавните набавки и невоедначена казнена политика.

Законот го разгледува и Европската комисија, која треба да даде мислење за предложениот текст.

 

Анита Димитријевска - Велковска