Специјалисти до САД ќе ги обичуваат македонските лекари во трауматологијата

07.10.2014 16:35

Во своето долгодишно работно искуство одржале голем број меѓународни обуки. Овие траума стандарди се применува во 63 држави во светот...

Четриесет лекари од областа на трауматологија во земјава ќе бидат обучувани за спасување човечки животи од шест лекари специјалисти од САД. Целта е брзо и правилно реагирање во спасувањето на пациентите во живото загрозувачки состојби.

„Овде сум да го споделам моето знаење за повредите. Пет специјалисти од САД ќе ги третираат пациентите од траума. Ќе одржиме два курса со вкупно 40 лекари, секој од курсевите ќе трае 4 дена. Работата ќе биде интересна бидејќи ќе работиме интерактивно“, рече д-р Стивен Вебер, васкуларен хирург.

Едукацијата ја вршат доктори специјалисти од областа на анестезиологијата, хирургијата, васкуларната хирургија и доктори од итните медицински служби. Во своето долгодишно работно искуство одржале голем број меѓународни обуки. Овие траума стандарди се применува во 63 држави во светот.

„Никогаш не е доволен тренингот во оваа област, секогаш е потребно постојано да се обновуваат знаењата, да се повторуваат определени активности со цел сериозно подигнување на нивото на знаење и вештини на што поголем број  доктори“, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Обуката на лекарите по трауматологија ќе заврши на 16-ти октомври. 

Овие лекари се дел од групата 50 странски доктори кои што годинава престојуваа во земјава и го пренесуваа своето знаење на македонските колеги. На овој начин се подобрува нивото на здравствени услуги во земјава и се овозможува воведување на нови методи во лекувањето.

Андријана Атанасовска