Американците го празнуваат Денот на благодарноста

26.11.2026 07:26

Додека милиони Американци денес се собираат околу празничната трпеза за да го одбележат Денот на благодарноста, зад оваа вековна традиција се крие сложена историја, исполнета со сојузи, конфликти, легенди и митови. За едни, овој празник е симбол на единството, благодарноста и семејните вредности, додека за други претставува болно потсетување на страдањата на домородното население во Америка.

Денот на благодарноста во Америка е годишен празник за благодарност и комеморација на празниците во раните американски традиции.

За многумина, сè е поврзано околу храната, семејството и забавата!

Но, има многу историја, легенди и мит позади тоа.

Најпознатата приказна е онаа за Вампа-наг, племе од домородните луѓе кои живееле во Америка илјадници години.

Кога колонистите пристигнале на Мејфлауер во Кејп Код, се соочиле со сурова зима во која починале половина од населението. Останатите преживеале, делумно, затоа што домородците им обезбедувале храна, земјоделството и риболов.

Бидејќи страдале од болести предизвикани од претходните групи на Европејци и за да се одбранат од ривалскит племиња, Вампа-наг стапиле во сојуз со колонистите.

Во 1621 година, двете страни славеле со празник, кој сега се смета за еден од првите како што е Денот на благодарноста во Америка.

Јаделе автохтона храна, пиеле и славеле заедно.

По повеќе од 50 години, договорот на крајот се распаднал, што резултирал со смрт на илјадници домородни народи. Преживеаните станале робови.

Колонистите изгубиле неколку стотици луѓе а биле уништени и повеќе градови.

Денот на благодарноста продолжи да еволуира со текот на времето.

Од Џорџ Вашингтон до Абрахам Линколн, кој го направи национален празник последниот четврток од ноември во 1863 година, Денот на благодарноста се промени во целост како се слави.

Претседателот Френклин Рузвелт во 1939 година, го назначи четвртиот четврток од ноември за официјален празник. Две години подоцна, Конгресот го одобри.

За некои Индијанци, Денот на благодарноста претставува смрт, уништување и жалост.

За многу Американци, тоа е ден за свечености, благодарност, молитва и милосрдие.