Собрание
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година
26.11.2026 08:42
За Предлог-буџетот за 2027 година се поднесени 400 амандмани...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска, по завршување на пленарната седница за поставување пратенички прашања, ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година.
За Предлог-буџетот за 2027 година се поднесени 400 амандмани. Најголем дел од досега разгледаните амандмани се одбиени од владиниот претставник.
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 треба да заврши за два дена.
