Франција во паника од ебола откако младо момче се вратило од одмор во Гвинеја!

07.10.2014 16:38

Според моделот на ширење на еболата во Западна Африка, научниците од универзитетот во Бостон пресметале дека веднаш по Гана, Франција е втората земја по ред во опасност во наредните 18 дена, поради силните врски со овој дел од светот...

9-годишно момче е во центарот на паниката во француските училишта. Се вратило од одмор во Гвинеја, една од земјите погодени од еболата. Нема симптоми и нема причина за тоа, но може да се случи. Родителите ги повлекуваатдецата од училиштето.

„Франција има закони за школството на своја територија. Ако нема треска, не е заразно и можеме да го примиме на училиште“, изјави Ан Корион, директорка на училиштето.

„Има период на инкубација од 3 недели. Што да правиме за тоа време? Да се нервираме за сопствените деца?“, прашува мајка на ученик.

Наставниците му ја мерат температурата на момчето секои четири часа, но се вжештува масата родители пред училиштето.

„Нема потреба да се стигматизираат детето и семејството поради непостоечки ризик“, смета Себастиен Димонт, татко на ученик.

Според моделот на ширење на еболата во Западна Африка, научниците од универзитетот во Бостон пресметале дека веднаш по Гана, Франција е втората земја по ред во опасност во наредните 18 дена, поради силните врски со овој дел од светот.

Во паника е и медицинскиот тим од болницата во која се лекува шпанската медицинска сестра, првата заразена надвор од Западна Африка. Обвинуваат дека надлежните не се справиле соодветно со еболата.Во карантин се четири лица, меѓу кои и сопругот на медицинската сестра. Европската унија бара објаснение од Шпанија како се раширил вирусот.

 

Ивана Салтировска