Туризам

Јавна расправа за новата туристичка стратегија 2027–2032

26.11.2026 09:11

Каква туристичка понуда ѝ е потребна на земјава за да стане поконкурентна и попрепознатлива дестинација? Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи јавна расправа за Националната стратегија за туризам за периодот 2027–2032 година

Во Музејот на македонската борба, со почеток во 10 часот, ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам за периодот 2027–2032 година.

Јавната расправа е завршна фаза од консултативниот процес за подготовка на Стратегијата. Се очекува учество на претставници на институциите, општините, туристичкиот сектор, академската заедница и граѓанските организации.

Целта на Стратегијата е да се поттикне развој на препознатлива, конкурентна и одржлива туристичка дестинација, со квалитетна туристичка понуда во текот на целата година и поголеми економски придобивки за локалните заедници во сите региони.

Најавени се обраќања на министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер. Потоа, Нацрт-националната стратегија ќе ја презентира проф. д-р Сашо Коруновски од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.