Регион

Во Србија денеска ќе бидат распишани претседателските избори

26.11.2026 10:36

Студентската листа веќе го избрала својот кандидат за претседател, но неговото име сè уште не е објавено. Во јавноста се шпекулира дека најверојатен кандидат е академикот Радомир Саичиќ.

Претседателот на српското Собрание, Александар Чупиќ, денеска напладне ќе ги распише претседателските избори, кои, според законските рокови, може да се одржат на 27 декември.

Студентската листа веќе го избрала својот кандидат за претседател, но неговото име сè уште не е објавено. Во јавноста се шпекулира дека најверојатен кандидат е академикот Радомир Саичиќ.

Засега, неколкумина политичари најавија кандидатура или можност за учество во претседателската трка. Меѓу нив се Бранимир Несторовиќ, Богољуб Кариќ, Александар Вулин и Ивица Дачиќ.

Од друга страна, сè поизвесно е дека листата „Александар Вучиќ – Србија победува“ нема да учествува во претседателската трка. Сепак, конечната одлука треба да ја донесе партијата на конгресот на 13 декември.

Доколку СНС навистина се повлече од претседателската трка, тоа ќе биде значаен пресврт, имајќи предвид дека партијата со години имаше свој кандидат на секој изборен циклус за претседател на државата.