Брисел

ЕУ на вонреден самит за долгорочен буџет

26.11.2026 11:47

Борбата за буџетот влегува во решавачка фаза. Дел од земјите сакаат буџетот да остане понизок, други, пак сметаат дека само со повеќе средства може да се одговори на големите предизвици.

Шефовите на држави и влади на 27-те земји членки на Европската унија на вонреден самит во Брисел разговараат за долгорочниот буџет на унијата. На маса се и можни нови извори на приходи, меѓу кои и европски дигитален данок.

Борбата за буџетот влегува во решавачка фаза. Дел од земјите сакаат буџетот да остане понизок, други, пак сметаат дека само со повеќе средства може да се одговори на големите предизвици.

Во наредните два дена европските лидери ќе се обидат да се доближат до големиот компромис за големите пари.