МВР

Лишен од слобода жител на кумановско село за издржување затворска казна од две години

26.11.2026 12:56

Вчера во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(27) од село Љубодраг, кумановско...

Вчера во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(27) од село Љубодраг, кумановско, соопштија од МВР.

Тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението..