Домашното производство покрило 96,6 отсто од потрошувачката на електрична енергија во септември
Според претходните податоци за енергетските состојби, производството изнесувало 433.669 мегават-часови, додека потрошувачката достигнала 448.847 мегават-часови.

Во септември годинава, домашното производство на електрична енергија покрило 96,6 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка. Според претходните податоци за енергетските состојби, производството изнесувало 433.669 мегават-часови, додека потрошувачката достигнала 448.847 мегават-часови.
Во истиот период, потрошувачката на природен гас изнесувала 15,494 милиони нормални кубни метри, на јаглен 170.079 тони, а на нафтени продукти 92.599 тони.
Речиси целата потрошувачка на јаглен, односно 99,9 отсто, била употребена за производство на електрична енергија.
Споредбата со септември минатата година покажува намалување на потрошувачката на природен гас за 22,6 отсто, а на нафтените продукти за 2,8 отсто.
