Андоновски: Потребен е национален дата-центар
Државата не смее да зависи од сервери распоредени во 40 објекти, поради што е итно потребен национален дата-центар. Според министерот Андоновски, земјите што нема да изградат сопствени капацитети ќе се соочат со голема зависност од странски технолошки компании и инфраструктура.

Македонија мора да изгради национален дата-центар за да ја обезбеди стабилноста на дигиталните услуги и да го следи развојот на вештачката интелигенција, велат од Владата. Според министерот за дигитална трансформација, државните системи во моментов се распределени на 40 локации во Скопје, што создава сериозни ризици за нивното функционирање.
Во однос на развојот на вештачката интелигенција, министерот оцени дека земјите што нема да изградат сопствени капацитети ќе бидат зависни од странски технолошки компании и инфраструктура.
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оцени дека темите како што се дата-центрите, енергетската инфраструктура и одржливиот развој се прашања со кои државата мора да се соочи при креирањето на економските политики.
Азески оцени дека токму преку отворен дијалог меѓу институциите, бизнисот и меѓународните партнери може да се дојде до решенија што ќе обезбедат повисок економски раст, подобар животен стандард и поголема конкурентност на македонската економија.
Проектот за национален дата-центар е вклучен како индикативен проект во Планот за раст на Европската Унија и во реформската агенда на државата.
Борис Грујоски
