Заглавени закони
Заглавени низа закони во Собранието, дали поради процедура или политички несогласувања. Бадинтерот е сопка за Законот за правична застапеност...

Во Собранието сите се согласни да има седница на која ќе се разговара за фемицидот и спречувањето на насилството врз жените, но и Законот за оваа тема, иако поднесен во август, сѐ уште е на мислење во Владата – појаснува собранискиот спикер Гаши.
Не треба никој да се заканува со протести, државата на насилството треба да одговори соодветно, вели првиот парламентарец, коментирајќи ги барањата на граѓанското движење „Ниту една повеќе“ до 10 декември да бидат донесени сите закони кои поостро го санкционираат насилството врз жените и фемицидот.
Тоа што во следниот период ќе следи во Собранието е изборот на уставни судии. Комисијата за избори и именувања ја предложи Теодора Ефтимовска-Бојковска, судијка во Основниот суд во Гостивар, а од претседателката Сиљановска-Давкова се очекува предлог на две имиња за уставни судии, бидејќи завршува мандатот на Осман Кадриу и претседателот Дарко Костадиновски.
За следната среда е закажан избор на нов претседател на Уставниот суд.
Миле А. Ристески
