Македонија

Шасивари на средба со известителите на Венецијанската комисија за моделот на полагање на правосудниот испит

26.11.2026 18:16

Министерот Шасивари ја образложи уставната и законската основа на иницијативата, како и правната аргументација за предложеното решение. Беше презентиран и консултативниот процес со претставници на правните факултети, деканите и студентските организации.

Еднакви можности за сите кандидати, но без намалување на професионалните критериуми и квалитетот на испитот. Министерот за правда Јетон Шасивари одржа средба со известителите на Венецијанската комисија, од кои се бара независно мислење за предложениот модел за организирање и полагање на правосудниот испит.

На средбата, претставниците на Венецијанската комисија се запознаа со начинот на организација и спроведување на правосудниот испит, а претседателот и членовите на Комисијата за полагање практично го демонстрираа предложениот модел.

Министерот Шасивари ја образложи уставната и законската основа на иницијативата, како и правната аргументација за предложеното решение. Беше презентиран и консултативниот процес со претставници на правните факултети, деканите и студентските организации.

Според Шасивари, целта е да се обезбеди еднаков пристап до правосудниот испит за сите кандидати, без да се доведат во прашање професионалните критериуми, квалитетот и интегритетот на испитот.

Барањето за мислење од Венецијанската комисија, како што посочи министерот, е со цел да се добие независна и стручна правна оценка и да се обезбеди уставно и правно одржливо решение, усогласено со европските стандарди.

Од Министерството за правда велат дека остануваат отворени за препораките и предлозите на Комисијата, оценувајќи дека институционалниот дијалог и стручната анализа се патот до одржливо решение.