Измамниците се офајдуваат од наивноста на граѓаните
Тоа утро одела на лекар, ама ја пресретнале маж и жена убаво дотерани. Барале банка, па потоа прв и се обратил мажот кој бил на шеесетгодишна возраст. И предложил да и помогнат на жената која била со него бидејќи била од срранство и била во невоља. Не ги познавала македонските пари, а сакала да го продаде фотографгскиот апарат. Раскажува за МТВ нашата сограѓанка на која случката и дошла ненадејно, па сакала да го продолжи патот. Но човекот бил не само љубезен туку и упорен па и понудил таа да го купи бидејќи за ич пари ќе си добиела брендиран скап апарат.

Тоа утро одела на лекар, ама ја пресретнале маж и жена убаво дотерани. Барале банка, па потоа прв и се обратил мажот кој бил на шеесетгодишна возраст. И предложил да и помогнат на жената која била со него бидејќи била од срранство и била во невоља. Не ги познавала македонските пари, а сакала да го продаде фотографгскиот апарат. Раскажува за МТВ нашата сограѓанка на која случката и дошла ненадејно, па сакала да го продолжи патот. Но човекот бил не само љубезен туку и упорен па и понудил таа да го купи бидејќи за ич пари ќе си добиела брендиран скап апарат. Речиси да и ги извлекол насила 500 денари туткајќи и го во ташната наводно скапиот апарат.
„Јас немав план да земам апарат, не ми треба, но тој парите како што ми беа свиткани ми ги зема и отиде, на жената ги даде и она си замина на една страна, јас на друга. После тоа кога се свестив, си велам што ќе ми е мене апаратот“, рече Ружица Станковиќ.
Случајот не го пријавила во полиција, бидејќи дури дома видела дека апаратот е речиси играчка. И не само во овој случај измамените граѓани тешко се осудуваат да пријават во полиција. Но, доколку случајот не се пријави полицијата не може да постапува.
„Вакви случаи поретко пријавуваат и апелираме до граѓаните доколку се случи вакво нешто, случјот веднаш да го пријават во подрачната полициска станица за да може да се постапува понатаму“, вели Лиза Бендевска од СВР Скопје.
Измамата е еден од најстарите улични занаети. Кибритчии, сиџимџии, продавачи кои ви доааѓат на врата, лажни докторки кои ги посетуваат постарите лица нудејќи им целосен пакет услуги, како да не престануваат да се офајдуваат од нашата наивност.
Фиљана Кока
