Македонија
Свештениците на МПЦ-ОА ќе се обучуваат за препознавање жртви на насилство
26.11.2026 19:40
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија најостро ги осудува сите облици на насилство, особено семејното, насилството врз жените, врсничкото и насилството во дигиталниот простор.

Свештениците на МПЦ-ОА ќе се обучуваат како навреме да ги препознаат жртвите на насилство и правилно да ги упатат до надлежните институции за стручна помош и заштита.
Ова е заклучокот од денешната седница на Синодот, на која владиците посебен фокус ставија на семејното насилство и фемицидот, остро осудувајќи го секој облик на агресија како спротивен на христијанските вредности.
Најавија и соработка со институциите, иако засега нема детали за тоа кога ќе почнат обуките.
