На 26.000 граѓани ќе им бидат вратени пари од финансиските друштва
По три месечната инспекција, сега над 2,3 милиони евра, треба да им бидат вратени на повеќе од 26.000 граѓани, откако Државниот пазарен инспекторат утврдил незаконска наплата на трошоци за опомени и известувања за доцнење со отплатата на брзите кредити, а кај 18 финансиски друштва биле утврдени нечесни трговски практики.

26.000 граѓани се оштетени од финансиските друштва за брзи кредити, констатира Државниот пазарен инспекторат по четири месечна контрола на терен. Парите на граѓаните ќе мора да им ги вратат најдоцна за 90 дена, а ќе мора да платат казна за незаконско работење.
Кај сите 27 лиценцирани финансиски друштва проверено е работењето изминативе три години. 18 субјекти спроведувале активности на нефер трговски практики, односно во договорите за кредитите се содржани нечесни трговски одредби. 12 вршеле незаконско наплаќање известувања и опомени за доцнење со плаќањето. Инспекторите имале проблеми при контрола на два правни субјекти.
Според „Левица“ состојбата со брзи кредити зема епидемиолошки размери. Во првата половина на годинава овие субјекти имале 260.000 активни договори со граѓаните, очекуваат до Нова година оваа бројка да биде над 300.000.
И покрај незаконското работење на сметка на граѓаните, надлежните не сакаа да ги обелоденат имињата на оние што добија казни.
Наташа Јанчиќ – Менковски
