Образование

Студентите на протест доколку не се зголеми износот на оброкот

26.11.2026 20:16

Студентите бараат оброкот да се зголеми на 180 денари, во спротивно најавуваат протести, ова е резултат од онлајн анкетата на Националното студентско тело кое брои околу 7.000 студенти.

Студентите со ултиматум до власта, за две недели ако не се прифати барањето студентскиот оброк да се зголеми 180 денари излегуваат на протест. Од националното студентско тело велат дека ова произлегува од барањата на над 7000 студенти кои дале поддршка субвенцијата да порасне на 4.500 денари. Денеска ги доставуваат документите до надлежните институции и очекуваат позитивен одговор.

Студентите реагираат оти иако тоа законски им следува сумата на субвенционираниот оброк три години не била усогласена со растот на трошоците.

За 90 проценти од студентите е прифатлив износот од 4.500 денари, додека 78 проценти го одбија.

 

Викторија Милевска