Итни измени за заштита
Законските измени за заштита од семејно насилство, поднесени во Собранието наскоро треба да го добијат потребното мислење од Владата. Додека граѓанскиот сектор бара итно усвојување...

Мислењето од Владата за измените во Законот за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, во скоро време ќе биде доставено до Законодавниот дом. За ова извести владината портпаролка Митева која вели дека измените се креирани со помош на експертската и стручна јавност, а со цел да се намали оваа појава, но и да нема толеранција за насилниците.
Од Сојузот на синдикатите, пак, сметаат дека се потребни и законски интервенции со кои на жените – жртви на насилство ќе им се овозможи платено отсуство од работа. Бараат санкционирање на мобингот.
Законските измени со кои треба да се намали насилството во домот беа поднесени во Собранието во август годинава. Од Мрежата за заштита од дискриминација побараа да се усвојат час поскоро. На препознавање на овој оваа девијантна појава ќе работи и црквата. МПЦ најави обуки за свештениците како да го препознаат семејното насилство, но и како да постапат ако некој им се обрати за помош.
Анита Димитријевска – Велковска
