Голем дел од институциите кадровски зајакнати со нови директори
Голем дел од државните институции добија нови директори и амбасадори, а со некои се уште управуваат замениците. Потпаролот на владата Александар Ѓорѓиев информира дека процесот на селекција за избор на раководни функции е во завршна фаза. Според него на владиниот оглас можеше да аплицира секој кој има способност и квалитет да придонесе во реализирање на зацртаните реформи.

„Со завршувањето на мандатите на актуелните лица коишто се носители на определени позиции, кои се раководни и се составен дел од јавните повици, би дошло до избор или именувања на нови лица кои понатаму ќе продолжат да раководат со самите овие институции и со нивниот допринос да допринесат кон реализација на општите и заеднички цели на сите граѓани и на државта во целина“, рече Александат Ѓорѓиев, портпарол на Владата.
Новиот советнички тим на премерот Груевски пак треба да биде во функција на проширување на човечкиот потенцијал, а со цел да се реализира владината програмата за наредните 4 години. На владиниот оглас се бараа 13 советници. Изборот е во завршна фаза, а не е исклучено дека некои позициите веќе се пополнети. Најбарани беа раководните позиции за: странски инвестиции, нерезиденти промотори, поддршка на домашната економија, а за советниците позициите во културата, правосудството, администрацијата и политички прашања. Владиниот оглас за вработување беше објавен на 27 јуни. Се бараа лица и за раководни и за нераководни позиции.
Викторија Тодоровска