САД

Трамп: Путин може да присуствува на Г20 ако сака

27.11.2026 12:19

Сепак, Трамп истакна дека некои учесници нема да бидат среќни да го видат Путин на дводневниот самит, кој започнува на 14 декември...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 во Флорида, закажан за декември, но додаде дека може да дојде доколку сака. Сепак, Трамп истакна дека некои учесници нема да бидат среќни да го видат Путин на дводневниот самит, кој започнува на 14 декември.

Кремљ, пак, соопшти дека сè уште не е донесена одлука дали рускиот претседател ќе учествува на форумот. Трамп рече дека би сакал Путин „да ја прекине целата воена агресија во Европа“ со цел да се постигне решение за конфликтот во Украина