Изложба „Меко ткиво“ на Јана Куновска во Музеј на град Скопје
На 28 ноември, сабота, 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Меко ткиво на Јана Куновска. Насловот на изложбата е преземен од истоимената песна на српскиот поет Владан Миљковиќ и претставува метафора за човечката егзистенција.

На 28 ноември, сабота, 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Меко ткиво на Јана Куновска.
Насловот на изложбата е преземен од истоимената песна на српскиот поет Владан Миљковиќ и претставува метафора за човечката егзистенција. Ткивото е структура што поврзува, обединува и одржува, но истовремено е чувствително, ранливо и подложно на промени. Мекоста не сугерира слабост, туку можност за допир, сочувство и поврзаност со другите. Таа е невидливата материја што ги поврзува живите суштества и ги прави способни да чувствуваат, препознаваат и споделуваат.
Изложбата се развива низ два меѓусебно поврзани изразни сегмента (сликарски и концептуален) кои што комплементарно се надополнуваат. Сликите создаваат свет на препознатливи форми со широко симболично значење додека инсталацијата од огледала во во галерискиот простор претставува своевиден мост помеѓу материјалното и нематеријалното, помеѓу интимното доживување и бесконечноста на неговите можни одрази.
