Австрија

Снегот во Виена собори рекорд стар 40 години

27.11.2026 13:23

Во Виена беа забележани најобилните ноемвриски снежни врнежи во последните 40 години. Раното доаѓање на зимата предизвика значителни прекини во сообраќајот низ цела Австрија...

Доаѓањето на зимата предизвика бројни проблеми низ Австрија. Градските власти во Виена апелираат на претпазливост во парковите и шумите, а службите за итна медицинска помош предупредуваат дека замрзнатите тротоари претставуваат сериозна опасност. Во Виена беа забележани најобилните ноемвриски снежни врнежи во последните 40 години. Раното доаѓање на зимата предизвика значителни прекини во сообраќајот низ цела Австрија.

Покрај заглавените автомобили, од коловозите мораа да се отстрануваат и камиони и автобуси. Паднати гранки ги блокираа патиштата и тротоарите, а има извештаи и за повредени лица.