Политика

Почна самитот на лидерите од Процесот Брдо - Бриони во Охрид

27.11.2026 12:11

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, спроведувањето на неопходните реформи и јакнењето на регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат во фокусот на денешниот Самит на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Охрид.

Денеска Охрид е центарот на регионалната дипломатска сцена. Почна самитот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони. Домаќин на средбата е македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Копретседавачи се словенечката шефица на државата Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. На масата седнаа и државниците од регионот. Учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Самитот е посветен на европската интеграција на Западен Балкан, зајакнувањето на регионалната соработка и политичкиот дијалог.

Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година.