Врнежлив викенд со дожд и снег
Облачно и врнежливо време нè очекува во текот на викендот, информираат од УХМР. Утре локално се очекуваат пообилни врнежи од над 30 литри на квадратен метар, а поради продорот на постуден воздух, дождот ќе преминува во снег и во некои од пониските места. На планините се очекува нова снежна покривка до 20 сантиметри.

Во текот на викендот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре наместа врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.
Поради продорот на постуден воздух од север, врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег.
На планините се очекува формирање нова снежна покривка до 20 сантиметри, а на повисоките места од два до 10 сантиметри.
Во недела, кон крајот на денот, врнежите ќе престанат. Од понеделник следува стабилно и студено време.
