МВР

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсен 38-годишен скопјанец

27.11.2026 13:26

Вчера по преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лишен од слобода е Б.Ј.(38) од Скопје поради сторено кривично дело „убиство“

Вчера по преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лишен од слобода е Б.Ј.(38) од Скопје поради сторено кривично дело „убиство“, соопштија од МВР.

Имено, лицето е лишено од слобода, во врска со кривично правниот настан од 21.11.2026, кога по претходна пријава во СВР Скопје, на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено беше лице без знаци на живот, а полициски службеници од СВР Скопје утврдија дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско, при што беше забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Во близина на телото беше пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. 

Со Б.Ј. бил извршен службен разговор, при што лицето го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.  

По целосното документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, денеска (27 ноември) Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј.