Статистика

Скопскиот регион создава речиси половина од БДП

27.11.2026 16:07

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика за 2025 година, најголем пораст на БДП во однос на претходната година е забележан во Југозападниот регион.

Скопскиот регион учествува со 47,1 отсто во бруто-домашниот производ на земјава, додека најмал удел има Североисточниот регион со 4,4 отсто. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика за 2025 година, најголем пораст на БДП во однос на претходната година е забележан во Југозападниот регион.

Растот на бруто-домашниот производ во Југозападниот регион изнесува 11 отсто. Во однос на БДП по жител, над државниот просек се Скопскиот регион, со индекс 140,9, и Југоисточниот регион, со индекс 103,1. Останатите региони се под просекот на државата.

Скопскиот регион има најголемо учество и во бруто-инвестициите во основни средства, со 45,2 отсто. Сепак, најголем пораст на инвестициите во однос на 2024 година е регистриран во Полошкиот регион и изнесува 39,9 отсто.