Македонија

„Безбеден град“ ги намалува жртвите во сообраќајот – до крајот на годината системот и во Струмица и Штип

27.11.2026 18:04

Помалку жртви на патиштата по воведувањето на системот „Безбеден град“. Досега во 2026 година во сообраќајни несреќи загинале 85 лица, наспроти околу 150 во претходните години. Целта е до 2030 година бројот на жртви да се намали за 50 проценти. Системот до крајот на годината ќе биде воведен и во Струмица и Штип, а потоа и во Битола.

Намален е бројот на жртви во сообраќајот – проектот „Безбеден град“ ги поттикна граѓаните да возат повнимателно. Тоа го покажуваат и бројките за жртви. Ако претходно сме имале по 150 загинати, досега во 2026 година се 85 загинати. Целта е до 2030 година да се намали за 50 проценти.

За поголема безбедност во сообраќајот ќе се вложува и во подобрување на патната инфраструктура.

Паралелно со казните за прекршоци, ќе се работи и на кампањи за подобрување на однесувањето на учесниците во сообраќајот.

До крајот на годината, системот „Безбеден град“ ќе се воведе и во Струмица и Штип, а потоа и во Битола. МВР подготвува апликација за полесен преглед на сторените прекршоци и наплата.

Ирина Гелевска