рке

Повисоки сметки за парно греење од декември

27.11.2026 18:30

Парното поскапува од први декември. Сметките повисоки во просек за 188 денари. Од Регулаторна велат – корекцијата е направена поради растот на цената на природниот гас предизвикан од геополитичките случувања.

Парното за околу 70.000 домаќинства во Скопје поскапува во просек за 188 денари. Сметката натежнува на околу 2.681 денар. За корисниците на ЕСМ сумата ќе се зголеми за 7,56 отсто, а за приклучените во мрежата на „Енерџи Еколинк“, поранешна „Скопје Север“, за 5,84 отсто. Регулаторната комисија одлучи новата цена да се применува со декемвриската потрошувачка, а поскапувањето, велат, е под притисок на глобалните поскапувања на природниот гас и геополитичките случувања. Граѓаните со поделени мислења. За дел повисоката цена не е новина, но зимата бара греење, за други е удар врз стандардот.
 
Одлуката следува откако сите компании што ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинската енергија, која беше донесена во јули, а се применуваше од 1 август досега, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
 
Игор Панов