Облачно со дожд, снег на планините и пад на температурите
Облачно и врнежливо време со засилен северен ветер, снег на планините, а кон крајот на денот услови за снег и во Скопје.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, информираат од УХМР. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Во попладневните часови, поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на некои од повисоките места ќе преминат во снег.
Ќе дува умерен северен ветер, кој наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе засилува до силен.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови дождот да премине во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
