АМСМ

Сообраќајот по влажни коловози, намалена видливост поради магла на патот Куманово - Страцин

28.11.2026 09:20

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а од АМСМ препорачуваат внимателно возење и приспособена брзина.

На патниот правец Куманово - Страцин поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има опасност од одрони.

Особена внимателност се препорачува на делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, која ќе трае до 15 март 2027 година.

Поради сезонскиот режим на сообраќај, од 17 ноември патниот правец Охрид - Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е затворен за сите видови возила.