ЈОРСМ: Се постапува во случајот со жената во животозагрозувачка состојба донесена синоќаво Клиничкиот центар
Обвинителството презема дејствија за прибирање докази во случајот со жената која синоќа во животозагрозувачка состојба била донесена во Клиничкиот центар во Скопје.

Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа била донесена жена во животозагрозувачка состојба која според медиумските објави, жената била претепана од нејзиниот сопруг. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека лицето посочено како сторител е обезбедено и дека се постапува по случајот.
„Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна координација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, посочуваат од Обвинителството.
Правната квалификација на делото ќе биде утврдена врз основа на прибраните докази, нагласуваат од ЈОРСМ.
