Британски парламентарци: Македонија ги исполнува условите за членство во НАТО и ЕУ
Ги исполнивте условите за членство во НАТО и ЕУ, се надевам дека наскоро ќе се реши проблемот со Грција, а за ова е неопходно што поскоро да се седне на маса и да се разговара, изјави британскиот пратеник Причард по средбата со потпретседателот на Собранието, Милошоски.

Ги исполнивте условите за членство во НАТО и ЕУ, се надевам дека наскоро ќе се реши проблемот со Грција, а за ова е неопходно што поскоро да се седне на маса и да се разговара, изјави британскиот пратеник Причард по средбата со потпретседателот на Собранието, Милошоски.
„Македонија и Грција ќе седнат на маса да дискутираат за оваа прашање, можеби прво со средба на претседателите на двете држави. Грција е стара демократија и Македонија е стара демократија и демократиите најдобро можат да опстанат и да се развиваат со дијалог, а не со изолација“, рече Марк Причард, пратеник во Британскиот парламент.
Од наша страна беше потенцирано, изјави Милошоски, дека Македонија очекува да го добие заслуженото.
„И таа заслужена покана нема да биде награда, туку ќе биде заеднички успех за цела северноатланска алијанса и ќе ја зголеми безбедноста, стабилноста и регионалниот капацитет“, рече Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието.
Говорејќи за политичкиот амбиент во државата Причард изјави дека партиите треба да дебатираат во парламентот, вели, дијалогот е клучот на сите проблеми и на тој начин може да се заштитат клучните национални интереси
За реформите во економијата Причард вели вие ја имате успешната приказна.
„Претставувате одличен пример и за соседните земји и за Европа, овие реформи кои се навистина одличи вчера ги пофалив и на средбата со премиерот“, рече Марк Причард, пратеник во Британскиот парламент.
Глобалната закана од тероризмот и начинот како да се спречи регрутацијата во сопствената држава на граѓани коишто би се бореле со исламските фундамелисти, во фокусот на разговорите. Битанското решение ригорозно.
„Доколку тие заминат да се борат надвор од Обединетото кралство, тие веќе и самите се откажуваат од своето државјанство“, рече Брајан Бинли, пратеник во Британскиот парамент.
Британскиот парламентарен двоец имаше средби со државниот врв, а во Македонија се на покана на министерот за одбрана.
Виолета Димовска
