Блиски Исток

САД онеспособија трговски брод во Оманскиот Залив

28.11.2026 11:31

Американската војска соопшти дека го онеспособила трговскиот брод „Пацифик Арчер“ по наводен обид за пробивање на поморската блокада на Иран, при што нема повредени членови на екипажот.

Американската војска соопшти дека го онеспособила трговскиот брод „Пацифик Арчер“ во Оманскиот Залив, откако, според нејзината верзија, пловилото се обидело да ја пробие поморската блокада на Иран.

Централната команда на САД навела дека американски воен авион го погодил задниот дел на бродот со прецизна муниција, по неговото испловување од Бандар Абас.

Екипажот не бил повреден, соопшти командата.