Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница
28.11.2026 11:34
Новата руска атомска подморница „Перм“, опремена со ракети „Циркон“, ќе биде распоредена во составот на Пацифичката флота.

Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“. Подморницата „Перм“ ќе биде распоредена во составот на Пацифичката флота и ќе придонесува за одбраната на рускиот Далечен Исток и арктичките територии на земјата.
„Русија е една од ретките држави во светот способни да градат толку моќни атомски подморници - оружје со глобален дострел и стратешко значење. Оваа атомска ракетна подморница ‘Перм’ е веќе петтиот подводен крстосувач од проектот ‘Јасен-М’ предаден на флотата во последните шест години“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
