ООН: Кратењето на средствата ја загрозува заштитата на жените и девојчињата од насилство

28.11.2026 11:36

Обединетите нации предупредуваат дека намалувањето на финансиските средства ја ослабува заштитата на жените и девојчињата изложени на ризик од родово засновано насилство.

Длабоките кратења на финансиските средства сериозно ја ослабуваат заштитата на жените и девојчињата - бегалци и лица без државјанство, како и на други лица изложени на ризик од родово засновано насилство. Анализата предводена од УНХЦР покажа дека жените и девојчињата сочинуваат 98 проценти од евидентираните жртви, додека речиси 88 проценти од инцидентите се случиле во приватни станбени средини.

„Речиси секоја трета жена во светот доживеала некаков вид физичко или сексуално насилство. Повеќе од 60 милиони присилно раселени жени и девојчиња, како и жени и девојчиња без државјанство, се соочуваат со зголемени ризици. Според тоа, овие кратења на средствата ги укинуваат токму оние услуги што се неопходни за нивна поддршка. Не смееме да ја мешаме тишината со безбедноста“, изјави Миријам Восорну од УНХЦР.