Силно невреме во САД, речиси еден милион домови и деловни објекти без струја

28.11.2026 11:39

Поројни дождови, обилни снежни врнежи и силен ветер предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија и нарушувања во авиосообраќајот во САД.

Силно невреме, проследено со поројни дождови, обилни снежни врнежи и силен ветер, ги погоди источниот брег и Средниот Запад на Соединетите Американски Држави за време на Денот на благодарноста.

Поради екстремните временски услови, речиси еден милион домови и деловни објекти останаа без електрична енергија, во авиосообраќајот имаше масовни откажувања на летови, а властите во Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба и ја презакажаа традиционалната божиќна парада.