Премиерот Мицкоски во работна посета на РЕК „Битола“
28.11.2026 14:43
Актуелните активности, предизвиците во енергетскиот сектор и идните планови за унапредување на работењето беа во фокусот на денешната работна посета на премиерот Христијан Мицкоски на РЕК „Битола“.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на РЕК Битола, каде што одржа средба со раководствата на рударско- енергетскиот Комбинат и на АД ЕСМ.
-Денеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ. На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето. Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија, напиша на Фејсбук претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
