Гласот на младите за еднакви можности и иднина без насилство
Преку спортот, почитта и еднаквите можности до општество без насилство. Младите на младинскиот форум за фер-плеј ги споделија своите искуства, потреби и идеи за создавање побезбедна и поинклузивна иднина.

Младите во општеството имаат свои идеи и потреби. Но, не секое дете има шанса да ги реализира замислените соништа. Благодарение на проектот „Спорт без насилство - младински форум за фер-плеј“, некои деца за првпат добија патики за да заиграат фудбал со своите врсници. Други, пак, ја разбраа пораката дека натпреварот трае одредено време, но човечките особини се битни за целиот живот.
На младинскиот форум „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“, претседателката на Македонија со своја порака пред присутните.
Аземовска, претседател на „СУМНАЛ“, истакна дека, благодарение на континуитетот во работата со младите, намалена е бројката на малолетнички бракови.
„Младите учествуваат во носењето на многу одлуки, ги споделуваат своите искуства, предизвици, идеи и предлози, а тоа придонесува кон создавање побезбедно, поправедно и поинклузивно општество“, дополни Аземовска.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
