Успешно деби во новиот дом на македонскиот кошаркарски шампион

07.10.2014 22:18

МЗТ Скопје Аеродром имаше блескаво деби во новата спортска сала „Јане Сандански„ во кое го совладаа прославениот хрватскиот клуб Задар. Победа изборена во импресивна игра во која македонскиот шампион буквално од првите секунди па до завршните моменти доминираше на паркетот и во најголем дел од мечот имаше двоцифрена предност. Почна со одлична одбрана, а во нападот Маринковиќ го полнеше кошот на гостите и за 4 ипол минути нанижа 8 поени.

МЗТ Скопје Аеродром имаше блескаво деби во новата спортска сала „Јане Сандански„ во кое го совладаа прославениот хрватскиот клуб Задар. Победа изборена во импресивна игра во која македонскиот шампион буквално од првите секунди па до завршните моменти доминираше на паркетот и во најголем дел од мечот имаше двоцифрена предност. Почна со одлична одбрана, а во нападот Маринковиќ го полнеше кошот на гостите и за 4 ипол минути нанижа 8 поени. Во тој период гостите постигнаа само 2 поена, нивниот главен играч Флоренс не успеваше да ги разигра соиграчите, па разликата до финишот на периодот се претвори во двоцифрена, а во 9 минута и до 21 : 6. Задрани најавија будење на стартот од вториот период, кога цели 4 минути не примија поени и намалија на 23 : 15. Тоа беше сигнал за металците да заиграат помотивирано и со двете тројки на Цинцадзе, една на Моровиќ и константно добриот Цветковиќ да дојдат до највисоките 36 : 18, кои до полувремето беа сведени на 11 разлика.   

Третиот период гостите го почнаа поагресивно, го затворија Маринковиќ и ја засилија одбраната. Таквиот приод резултира кон крајот на четвртината кога ја преполовија негативата и дојдоа до достижни 6 разлика, 52 : 46. Последниот период МЗТ стартуваше како и во првиот, одлични во дефанзива и прецизни во нападот постигнаа 9 поени за враќање на високата предност. Поучени од претходното искуство овојпат не им дозволија на гостите да се доближат за на крајот да слават со убедливи 72 : 58. Најефикасен на натпреварот Цветковиќ со 16 поени, Маринковиќ и Цинцадзе постигнаа по 13, а кај гостите Собин постигна 12 поени и притоа оствари 10 скокови. Се на се, МЗТ Скопје Аеродром успешно ја отвори новата ера во својата кошаркарска историја во новиот дом, каде што веруваме дека во иднина ќе имаат уште многу успеси.