Прилеп

„Бехтел и Енка“ за автопатот Прилеп - Битола бара 1.200 работници

28.11.2026 17:18

Нови 1.200 работни места за забрзување на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10. „Бехтел и Енка“ преку саем за вработување во Прилеп бара работници, нудејќи солидни плати и можности за професионален напредок.

Градежни инженери, геодети, оператори на градежни машини, квалификувана и неквалификувана работна рака. Околу 1.200 работници бара „Бехтел и Енка“ за забрзување на изградбата на автопатот Прилеп - Битола од Коридорот 10, но и работници за Коридорот 8.

Досега се 1.800 вработени, а за новите работни места се очекува голем интерес.

Вработувањата се и за економски раст на регионот и стекнување искуства на младите. Околу 82 проценти од експропријацијата се завршени.

Првите 12 километри од автопатот Прилеп - Битола треба да бидат готови догодина, а проектот да биде готов во 2029 година.

Саемот за вработување за интензивирањето на изградбата на автопатите ќе трае неколку дена.

Елизабета Митреска