Станбената криза во фокусот на предвремените избори во Шпанија
Високите кирии, стагнацијата на платите и недостапноста на становите се меѓу главните предизвици во пресрет на предвремените избори во Шпанија.

Шпанија в недела влегува во предвремените општи избори, при што во центарот на вниманието е продлабочената станбена криза. Ова доаѓа по уличните протести и првиот генерален штрајк во земјата во последните 14 години, предизвикан од вртоглавиот раст на кириите и стагнацијата на платите. Просечен стан со една спална соба чини над 1.500 евра месечно, што изнесува од 60 до 80 отсто од типичната нето-плата, па многу луѓе се принудени да делат стан.
„Многу е скапо. Во станот каде што живеам со брат ми плаќаме 1.400 евра месечно. Сметам дека платите во Шпанија не се доволни за да се покријат такви трошоци. Затоа луѓето се толку револтирани“, вели една граѓанка.
„Дури и со зголемување на платите, невозможно е да се изнајми стан, бидејќи цените се над 1.500 или 1.400 евра... Работите само за да ја платите киријата“, вели друга граѓанка.
Купувачите и сопствениците на имот предупредуваат дека строгите правила за изнајмување имаат контраефект, бидејќи ги принудуваат сопствениците целосно да ги повлечат своите имоти од пазарот.
„Голем дел од законите сега се на страната на станарите. Иселувањето на станарите, односно барањето од нив да го напуштат имотот, станува исклучително тешко во Шпанија“, изјави Гери Џонсон, сопственик на бизнис.
На неделните избори, гласачите мора да избираат помеѓу залагањето на Санчез за построга контрола на кириите и заштита на станарите и десничарскиот блок, кој ветува дерегулација за да ја зголеми понудата.
Ирина Гелевска
