1.200 нови работни места
28.11.2026 17:38
Нови 1.200 работни места за забрзување на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10.

Градежни инженери, геодети, оператори на градежни машини, квалификувана и неквалификувана работна рака. Околу 1.200 работници бара „Бехтел и Енка“ за забрзување на изградбата на автопатот Прилеп - Битола од Коридорот 10, но и работници за Коридорот 8.
Досега се 1.800 вработени, а за новите работни места се очекува голем интерес.
Вработувањата се и за економски раст на регионот и стекнување искуства на младите. Околу 82 проценти од експропријацијата се завршени.
Првите 12 километри од автопатот Прилеп - Битола треба да бидат готови догодина, а проектот да биде готов во 2029 година.
Саемот за вработување за интензивирањето на изградбата на автопатите ќе трае неколку дена.
Елизабета Митреска
