Здравствениот систем пред предизвици - нееднаков пристап до лекување и недоволна превенција

28.11.2026 19:23

Над 40 проценти од трошоците за здравство паѓаат на товар на граѓаните, а лекување му треба и на самиот систем, покажува извештајот од Брисел. Во пресрет на Светскиот ден за борба против ХИВ и СИДА, кренат алармот за нееднаков пристап до терапија, но и потребата за поголема превенција.

Чекање по ходници, бркање врски – како функционира здравствениот систем, секој почувствувал. Граѓаните над 40 % од прегледите и терапијата ги плаќаат од свој џеб.

Освен на пациентите, лекување му треба и на здравството, стои во последниот извештај од Брисел.

Во 21 век, во Македонија сите луѓе немаат еднаков пристап до лекар, преглед, терапија, вели Атанас Аврамов, кој години наназад го следи здравството на терен.

Новиот закон за пушење предизвика лавина реакции, но Брисел реагира за стариот.

Аврамов, како активист за човекови права, во пресрет на 1 декември – Светскиот ден за заштита од ХИВ и СИДА, вели дека годинава се откриени 56 нови пациенти, меѓу кои и млади од 15 до 19 години.

Седум лица починале годинава. Според него, ако се спроведе повеќегодишна набавка на лековите за овие пациенти, тоа ќе овозможи да имаат повеќе пари за превенција.

Наташа Јанчиќ Менковски