УХМР

Облачно со повремени локални врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег

29.11.2026 09:14

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Според најавите од УХМР, од утре па во текот на новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.