Предвремени парламентарни избори во Шпанија, домувањето и миграцијата во фокусот
Шпанците излегуваат на предвремени парламентарни избори, откако спорот околу мерките за домување предизвика политичка криза. Десничарските партии имаат мала предност.

Шпанија избира парламент откако спорот околу кириите и заштитата на станарите доведе до предвремени избори.
Премиерот Педро Санчез го распиша гласањето во октомври, кога пратениците ги отфрлија владините мерки за домување.
Десничарските партии се со мала предност, со ветувањата за дерегулација на пазарот на недвижности и борба против миграцијата.
„Миграцијата е оружје од страна на некои политички актери. Таа е инструмент за победа на избори, користејќи ја вознемиреноста и стравот на населението во контекст во кој се укинуваат социјалните права, а јавните расходи се намалуваат за здравство и образование“, изјави Рут Фереро-Турион, професорка по политички науки и европски студии на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.
