Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Лос Анџелес, регистрирани повеќе последователни потреси
Силен земјотрес го погоди Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија. Жителите сведочат за силно тресење и материјална штета во домовите и продавниците.

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Лос Анџелес, Калифорнија, предизвикувајќи бројни последователни потреси.
„Околу 9:30 часот ја носев елката од долниот кат кога удри силниот потрес. Истрчав горе и видов дека оставата е испразнета, многу садови беа паднати, а насекаде имаше скршено стакло и други скршени предмети“, вели жител на Лос Анџелес.
„Ги чистев излозите кога почувствував силно тресење. Многу работи паѓаа внатре во продавницата, многу квалитетни вина и други производи што ги продаваме беа искршени насекаде по подот“, вели друг жител на Лос Анџелес.
„Застрашувачки е, но помина долго време откако последен пат имавме силен земјотрес, па некако се очекуваше дека порано или подоцна ќе ни се случи и нам“, изјави жителка на Лос Анџелес.
