Прилеп

Младите клуч за стабилноста на регионот

29.11.2026 12:05

На Балканот, границите се на карта, но некои бариери сè уште се во главите. Млади од Македонија, Србија и Косово во Прилеп разговараат како да ја надминат недовербата што ја наследиле од претходните генерации. Можат ли да изградат мир без да ги наследат и конфликтите?

Вишња Мајкиќ од Панчево, Србија, имала ситуација другари Албанци да ја прашаат дали нејзините најблиски ќе се лутат ако се дружи со нив.

„Тогаш помислив: каде стигнавме ако луѓето не чувствуваат слобода да се дружат со други само поради нешто што тие не го избрале?“, рече Вишња Мајкиќ од Панчево, Србија.

Младите од Македонија, Србија и Косово имаат голема одговорност - да ги подобрат довербата, дружењето и разбирањето, зашто од тоа зависат мирот и сигурноста на Балканот. Корените на недовербата се влечат со децении, а мора да се надминат политичките и општествените бариери.

„Клучно прашање е политичката репрезентативност во едно општество. Политичките претставници мора да почнат да ги исполнуваат ветувањата. Тоа е клучот да го постигнеме општествениот консензус“, изјави Миодраг Милиќевиќ, НВО „Актив“, Косово.

Лазит Тефики од Тетово смета дека станува збор за психолошки бариери.

Младите од регионот треба да градат платформа на доверба.

Новите генерации треба да ги отстранат невидливите бариери.

Елизабета Митреска